Sony Xperia M2 - Правење резервни копии и враќање на содржината

background image

Правење резервни копии и враќање на содржината

Во принцип, фотографиите, видеата и другата лична содржина не треба да ги чувате само во
внатрешната меморија на уредот. Ако нешто се случи со хардверот или ако уредот ви го украднат
или го загубите, податоците зачувани на интерната меморија се загубени за секогаш. Се
препорачува користење на софтверот Xperia™ Companion за правење резервни копии коишто
грижливо ги зачувуваат вашите податоци на компјутер, односно, на екстерен уред. Овој метод
посебно се препорачува, ако го ажурирате на софтверот на уредот до понова верзија на Android.
Користејќи ја апликацијата Сними резервна копија и обнови, може да извршите брзо мрежно
снимање на основните поставки и податоци со сметката на Google™. Оваа апликација може да ја
користите и за локално снимање податоци, на пример, на SD-картичката на уредот или на
надворешна USB-меморија.

Многу е важно да ја запаметите лозинката што сте ја поставиле при правењето резервна
копија на податоците. Ако ја заборавите лозинката, невозможно е да се обноват важни
податоци како што се контактите и пораките.

Правење резерва копија на податоци во компјутер

Користете го софтверот Xperia™ Companion за правење резервна копија од уредот на персонален
компјутер или на Apple

®

Mac

®

компјутер. Овие апликации за правење резервни копии ви

овозможуваат да направите резервна копија на следните видови податоци:

Контакти и дневници на повици

Пораки

Календар

Поставки

Медијални датотеки, на пр. музички и видеодатотеки

Фотографии и слики

Да направите резервна копија со помош на компјутер

1

Проверете дали софтверот Xperia™ Companion е инсталиран на персоналниот компјутер
или Apple

®

Mac

®

компјутерот.

2

Поврзете го уредот со компјутерот користејќи USB кабел.

3

Компјутерот: Отворете го софтверот Xperia™ Companion. За кратко време, компјутерот
ќе го детектира уредот.

4

Изберете Направи резервна копија на главниот екран.

5

Следете ги упатствата на екранот за да направите резервна копија на податоците од
уредот.

Враќање на податоците од резервната копија со помош на компјутер

1

Проверете дали софтверот Xperia™ Companion е инсталиран на персоналниот компјутер
или на Apple

®

Mac

®

компјутерот.

2

Поврзете го уредот со компјутерот користејќи USB кабел.

3

Компјутерот: Отворете го софтверот Xperia™ Companion.

4

Кликнете на Врати назад.

5

Изберете датотека од снимените резервни па допрете ја опцијата Обнови и следете ги
упатствата на екранот за да ги вратите податоците во уредот.

Правење резервните копии на податоците со апликацијата
Правење резервни копии и обновување

Со помош на апликацијата Правење резервни копии и обновување можете рачно да направите
резервна копија на податоците или да ја вклучите функцијата за автоматско правење резервна
копија, за периодично зачувување на податоците.
Апликација Правење резервни копии и обновување се препорачува за правење резервните копии
на податоците пред ресетирање на фабричките податоци. Со оваа апликација можете да направи
резервна копија на следните типови податоци на SD-картичка или на надворешна USB-меморија,
поврзана на адаптер за USB-домаќин на вашиот уред:

Контакти

Разговори

130

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Податоци од календар

Дневник на повици

Белешки

Правење резервна копија на содржина со апликацијата за резервна копија и
враќање

1

Доколку правите резервна копија на содржината во USB-меморија, проверете дали уредот
за складирање е поврзан со вашиот уред со соодветен кабел. Доколку правите резервна
копија во SD-картичката, проверете дали таа е правилно вметната во уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Резервна копија и враќање назад.

4

Допрете Направи резервна копија, а потоа одберете дестинација и типови
податоци за правење резервна копија.

5

Допрете Направи резер. копија сега.

6

Внесете лозинка за резервната копија, па притиснете ОК.

Враќање содржина со апликацијата за резервна копија и враќање

1

Доколку враќате содржина од USB-меморија, проверете дали уредот за складирање е
поврзан со вашиот уред со соодветен кабел. Доколку враќате содржина од SD-картичка,
проверете дали таа е правилно вметната во уредот.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Резервна копија и враќање назад.

4

Допрете Обнови.

5

Одберете го записот од којшто сакате да враќате назад и допрете Обнови сега.

6

Внесете ја лозинката за записот на резервна копија, потоа допрете ОК.

Запомнете дека сите промени што ги правите во вашите податоци и поставки откако ќе
креирате резервна копија, ќе се избришат при постапката за враќање назад.