Ажурирање на уредот
Треба да го ажурирате софтверот од вашиот уред за да ги добиете најновите функционалности,
подобрувања и поправки на грешки за да овозможите најдобра изведба. Кога е достапно
ажурирање за софтверот, на лентата за статус се појавува . Може и рачно да проверувате дали
има нови ажурирања.
Најлесниот начин да инсталирате ажурирање на софтверот е да го направите тоа безжично од
својот уред. Сепак, некои ажурирања не се достапни за безжично преземање. Треба да го
користите софтверот Xperia™ Companion на персонален компјутер или на Apple
®
Mac
®
компјутер
за да го ажурирате уредот.
За повеќе информации за ажурирања на софтверот, одете на www.sonymobile.com/update.
Ако нема доволно преостаната меморија, може да дојде до спречување на ажурирањата.
Погрижете се да има доволно меморија пред да извршите ажурирање.
Проверка за нов софтвер
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер.
Ако не е достапен нов софтвер, можно е да немате доволно слободен простор за
зачувување на уредот. Ако Xperia™ уредот има помалку од 500 MB слободна внатрешна
меморија (меморија на уред), нема да примите информации за нов софтвер. Се
прикажува следново известување во паното за известувања како предупредување за
недостаток на простор за складирање: Просторот за складирање се намалува. Можно е
некои функции на системот да не работат. Ако го примите ова известување, мора да ја
испразните внатрешната меморија (меморија на уред) пред да може да добиете
известувања за достапен нов софтвер.
Преземање и инсталирање на нова верзија на системот
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер.
3
Ако е достапно ажурирање на системот, допрете Преземи за да го преземете на уредот.
4
Откако преземањето ќе заврши, допрете Инсталирај и следете ги упатствата на екранот
за да ја комплетирате инсталацијата.
Преземање и инсталирање ажурирање на системот од паното со известувања
1
Повлечете ја лентата за статус надолу за да се отвори паното со известувања.
2
Лизгајте надолу и изберете го саканото ажурирање на системот, па допрете Преземи.
3
Кога преземањето ќе заврши, отворете го паното со известувања ако е затворено, па
допрете Инсталирај и следете ги инструкциите на екранот за да ја завршите
инсталацијата.
125
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Ажурирање на уредот преку компјутер
Може да преземете и инсталирате ажурирања за софтверот на уредот користејќи компјутер со
интернет врска. Ви треба USB-кабел и персонален компјутер или Apple
®
Mac
®
компјутер на кој е
активиран софтверот Xperia™ Companion.
Ако го немате инсталирано софтверот Xperia™ Companion на соодветниот компјутер,
поврзете го уредот со компјутерот користејќи USB-кабел и следете ги упатствата за
инсталација на екранот.
Ажурирање на уредот преку компјутер
1
Погрижете се да го имате инсталирано софтверот Xperia™ Companion на персоналниот
компјутер или Apple
®
Mac
®
компјутерот.
2
Користејќи USB-кабел, поврзете го уредот со компјутерот.
3
Компјутерот: Активирајте го софтверот Xperia™ Companion. За кратко време,
компјутерот ќе го открие уредот и ќе пребарува нов софтвер.
4
Компјутерот: Доколку се открие ново ажурирање на софтверот, се појавува скокачки
прозорец. Следете ги упатствата на екранот за да ги извршите соодветните ажурирања на
софтверот.
Кога ќе го поврзете уредот на компјутер со помош на USB-кабел, ќе треба на компјутерот
да го инсталирате софтверот или да прекинете, доколку немате претходно избрано Не
покажувај повторно.