Пренесување музика на вашиот уред
Има неколку начини на пренесување музика од компјутерот на уредот:
•
Само за Windows
®
: Поврзете ги уредот и компјутерот со помош на USB кабел, а потоа влечете и
испуштајте музички датотеки директно во апликацијата за управување со датотеки на компјутерот.
Видете Управување со датотеките со помош на компјутер на страница 128 .
•
Доколку компјутерот е персонален компјутер, може да ја користите апликацијата Media Go™ од
Sony и да ги организирате своите музички датотеки, да создавате листи со песни, да се
претплатувате на подкасти и друго. За да научите повеќе и да ја преземете апликацијата Media
Go™, одете на http://mediago.sony.com/enu/features.
•
Може да го користите софтверот Xperia™ Companion за пренесување медијални датотеки помеѓу
компјутерот и уредот. За да научите повеќе и да ја преземете апликацијата Xperia™ Companion,
одете на www.sonymobile.com/global-en/tools/xperia-companion.
Апликацијата за музика може да не ги поддржува сите формати на музички датотеки. За
повеќе информации за поддржаните формати на датотеки и користењето
мултимедијални (аудио, слика и видео) датотеки, преземете ја апликацијата White Paper
за уредот преку www.sonymobile.com/support.